Повеќето луѓе кои оздравеле од Ковид-19 се заштитени најмалку шест месеци од повторно добивање инфекција, но повозрасните луѓе имаат поголема веројатност повторно да заразат отколку помладите, покажува најновото истражување.
Студија објавена во медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 проценти од луѓето вторпат биле позитивни на Ковид-19, откако претходно биле заразени за време на првиот и вториот бран на пандемијата во Данска.
Ова е многу пониско од 3,27 проценти позитивни на вирусот откако се користат многу поточни ПЦР тестови, наместо брзите тестови.
Но, студијата покажа дека луѓето постари од 65 години имаат само 47 проценти заштита од повторување на инфекцијата, во споредба со 80 проценти заштита кај помладите луѓе.
Авторите на студијата не открија зошто заштитата од повторна инфекција опаѓа во рок од шест месеци по болеста, но посочуваат дека се потребни дополнителни студии за да се утврди заштита од повторна инфекција со различни варијанти на вирусот.
Податоците кои беа предмет на анализа беа собрани со помош на данската Национална стратегија за тестирање, во која беа тестирани 69 проценти од населението односно четири милиони луѓе во текот на 2020 година.