Лаит Халаф, финансиски аналитичар во AЈ Бел, за резултатите од истражувањето смета:

-Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе купуваат криптовалути отколку што вложуваат на ИСА, заклучокот е дека светот е зафатен од крипто лудило

Според таа студија, британските крипто-инвеститори се претежно мажи и под 35 години.

Повеќе од 70 проценти од оние кои изјавиле дека купиле криптовалути, рекле дека оствариле профит, додека 12 проценти објавија загуба минатата година. Во исто време, 17 проценти од испитаниците изјавиле дека не знаат дали оствариле профит или загуба со своите крипто инвестиции.