– Ни треба подобра координација во Европа, со повеќе европски решенија и државите мора да се осмелат да се откажат од дел од својот суверенитет по ова прашање. Тоа е една од лекциите од ова време, рече Сперанца.
Европското тело за подготвеност и одговор при итни случаи (ХЕРА), основано од Европската комисија, почна да функционира во септември и се очекува целосно да биде оперативно на почетокот на 2022 година.
Сперанца смета дека членките на ЕУ треба да бидат отворени за нови проекти со цел ХЕРА да се покаже успешна.
– Мислам дека ни треба храброст во таа насока, додаде тој.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан начелно ја поддржува идејата на Европската комисија, но смета дека главниот збор треба да го имаат земјите-членки.
Идејата е во иднина ХЕРА да биде способна да идентификува претстојни здравствени кризи и брзо да реагира на нив низ целата Унија.