Италијанската Влада на 31 март ќе ја укине вонредната состојба воведена поради коронавирусот, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги.

Тој вети постепено враќање на „нормалниот живот“ по повеќе од две години здравствена криза.

-Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата со пандемијата, подготвени сме да интервенираме во случај на скок на бројот на случаи. Но, нашата цел е целосно да се отвориме, што е можно поскоро, рече Драги во говор во Фиренца.

Вонредната состојба во Италија првпат беше воведена на 31 јануари 2020 година, а оттогаш е продолжувана неколку пати.