На средбата, Груби и Силвестри разговараа за поддршката на Република Италија во однос на европската перспектива на Република Северна Македонија, соопштија од Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Двајцата соговорници заклучија дека Северна Македонија веќе ги има исполнето своите внатрешни обврски и дека сега е редот на Европската Унија да ги препознае, награди и оцени достигнувањата во земјата.
Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Силвестри разговараа и процесот на Попис на населението, кој веќе е почнат. Груби му пренесе на Силвестри дека овој процес е исклучително важен за нашата земја, но дека е и барање на сите меѓународни институции кои очекуваат од нас, како земја кандидат за членство во Европската Унија, да ги преземеме сите следни чекори врз основа на процентот на населението и на тој начин да се планираат и имплементираат сите развојни политики во Република Северна Македонија.
На оваа средба Груби и Силвестри разговараа и за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври годинава. Груби го извести италијанскиот амбасадор дека веќе се направени сите подготовки за организирањето на овие избори и дека тие ќе се одржат во европски дух.
Груби и Силвестри разменија мислења и за надминување на отвореното прашање со соседна Бугарија. Груби му кажа на амбасадорот Силвестри дека Северна Македонија е подготвена да и се врати на разговорите со целосна конструктивност откако бугарската страна ќе биде подготвена.
На крајот од оваа средба, првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на италијанскиот амбасадор Силвестри за искреното и традиционално пријателство меѓу Република Италија и Република Северна Македонија и во оваа пригода изрази подготвеност за уште поголемо продлабочување на билатералната соработка, со посебен акцент во областа на економијата, за што беше оценето дека постои интерес од двете страни, стои во соопштението.