Итен прекин на војната во Газа бараат шефовите на дипломатијата од Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и уште 20 земји

Велика Британија и повеќе од 20 држави денеска повикаа на итен прекин на војната во Газа. Тие ја осудија хуманитарната испорака што ја спроведува израелската влада. Според нив, таа е понижувачка и опасна.

„Ние, потписниците наведени подолу, се обраќаме со едноставна, итна порака – војната во Газа мора веднаш да запре“, се наведува. Ова стои во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија.

Изјавата ја поддржаа и Австралија, Канада, Данска и други држави. Покрај барањето за итен прекин на војната, земјите-потписнички понудија конкретна поддршка за политичко решение.

„Државите потписнички се подготвени да преземат дополнителни чекори за поддршка на итното примирје“, стои во документот.

Тие предлагаат и политички пат кон траен мир и безбедност за Израелците, Палестинците и поширокиот регион.

Критиките беа насочени и кон моделот на доставување хуманитарна помош во Појасот Газа. Моделот е наречен „опасен, дестабилизирачки и понижувачки за жителите на Газа“, се додава во изјавата.