Калин Ивановски, нашиот најдобар тенисер со победа во два сета против Французинот Саша Вејенбург го почна настапот на фјучрс турнирот во Сетубал кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Ивановски кој е трет носител, го победи Саша Вајенбург кој го совлада и во финалето на скопскиот фјучрс. За час и 27 минути, Ивановски победи со 6-4 и 6-4.
Во второто коло македонскиот тенисер ќе игра со победникот од мечот на португалските тенисери Франциско Роча и Дуарте Вале.
На фјучрсот во Сетубал Ивановски настапува и во игра на двојки со Елдин Хусеиновиќ, а во првата рунда утре ќе играат против вторите носители Треј Хилдебранд и Ноа Шахтер од САД.