Дали се на повидок споени избори во мај? По предлогот на Христијан Мицкоски за 8 мај како можен датум за парламентарни избори, најавата на Пендаровски од викендов за можен договор, денеска за првпат се огласи и премиерот Ковачевски кој го спомена мај како термин за редовните избори.

Сè уште нема конечен договор за термините за изборите в година. Редовните избори може да се одржат во мај, но сè уште се разговара со коалициските партнери, вели Ковачевски.

Без да даде конкретен одговор, премиерот негира дека има договор за техничка влада која ќе ја предводи ДУИ. Ковачевски повтори дека целта е создавање на европска коалиција и напомена дека се вршат разговори со Алијанса за Албанците како дел од истата. За потсетување, Арбен Таравари најави дека е можно да излезат од оваа коалиција.

Пред ваквата изјава на премиерот со коментар се јави и Артан Груби кој најави дека идната техничка влада ќе ја предводи кадар од ДУИ. Освен Груби и Џафери е на истиот став и тој вели дека 8 мај е единствениот можен датум за избори.

Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека 8 мај е можен термин кога би се одржале вториот круг од претседателските избори и првиот круг од парламентарните избори. По денешната изјава на Ковачевски, можно е идејата на Мицкоски да биде прифатена.