Поранешниот долгогодишен извршен директор на фудбалските клубови Милан и Монца, 82-годишниот Адријано Галијани, официјално ја поднесе својата кандидатура за претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), која веќе е прифатена. Со ова тој и официјално влегува во трката за раководната функција на италијанскиот фудбал.
Негов единствен противкандидат на претстојните избори ќе биде 67-годишниот Џовани Малаго, актуелниот привремен комесар на федерацијата и поранешен претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ).
Изборното федерално собрание на кое ќе се бира новиот предводник на ФИГЦ е закажано за 14 декември 2026 година. Според официјалните информации, Галијани во изборната трка влегува со силна поддршка од Здружението на италијански фудбалери (АИЦ) и Здружението на италијански тренери (АИАЦ), кои заедно контролираат 30 отсто од вкупното гласачко тело во собранието.
