На социјалните мрежи се споделува информација за исчеснато 14 годишно девојче од Скопје со име Ринеса. Во објавите е напишано дека девојчето не се вратило дома од четвртокот.

Објавени се и два телефонски броеви на кои може да се сподели било каква информација со родителите на исчезнатото девојче, а се апелира да се пријави во полиција секое сознание за Ринеса.

Телефонските броеви за контакт се 070/891-246 и 071/374-091.

Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ потврдуваат дека исчезнувањето е пријавено во четвртокот.

„Случајот е пријавен на 01.02.2024 од страна на таткото С.М. и СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето“,велат од МВР.