Акцијата успешно заврши околу 13.30 часот. Целта ни беше да го спасимe Будинарци, бидејќи пожарот беше доста близу до селото. Моментно нема опасност од негово проширување – изјави Пеќевски.
Во гаснењето на огнот учествуваа пожарникари од Словенија и од Австрија, 40 војници и хеликоптер на АРМ, како и вработени од ЕВН и од шумските стопанства.
Екипите и понатаму се на терен и ќе ја надгледуваат ситуацијата.