Во гаснењето на пожарот, кој зафатил површина од околу два хектара, учествувале пет противпожарни возила и 13 пожарникари.

– Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, иако повремениот ветер, кој дуваше со променлив правец, го отежнуваше гаснењето, рече Александар Гудев, командир на Територијалната професионална против пожарна единица од Струмица.