Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 20.20 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Перо Наков” настанал пожар, при што во целост била опожарена куќата на Е.Р.(46), а од куќата, сопственост на Т.Ѓ.(47), била изгорена кровната конструкција.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.