Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгорел во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, објави Експрес.мк. Сопственикот Станко Цонев во изјава за медиумот вели дека се сомнева дека пожарот е подметнат од нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија.

„Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани полицајци и цариници коишто ја штитат – вели Цонев за „Експрес.мк“.