Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16.40 часот било пријавено дека на ул.„Орце Николов“, во подземни гаражи, настанал пожар кој зафатил патничко возило „мерцедес“, сопственост на Б.Ј.(61) од Скопје, патничко возило „пежо“, сопственост на А.Б. и патничко возило „фолксваген пасат“, сопственост на Д.П.(46) од Скопје, при што биле опожарени и одводна канализација и кабли.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен е увид од страна на полицијата.