Изградени се десет станбени згради со 120 станбени единици во последните четири години во Кавадарци, во изградба се 11 станбени згради со 360 станбени единици, информираа за МИА, од кавадаречката локална самоуправа.
– Има неизградени локации за 24 станбени згради со донесени урбанистички планови, за околу 900 станбени единици. Има исто така новопланирани локации за 20 станбени згради врз основа на урбанистички планови коишто се во фаза на донесување, околу 400 станбени единици, појаснија од Општината.
Во изградба се четири деловни објекти, со пет илјади квадратни метри развиена површина.
– Има неизградени локации за пет деловни објекти со донесени урбанистички планови, 27 илјади квадратни метри развиена површина, информираа од кавадаречката локална самоуправа.