Од полицијата информираат дека автомобил „БМВ 320“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(22) од Скопје излетал од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот и уште тројца сопатници А.Б.(21), С.А.(24) и З.Е.(22), сите од Скопје, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.