Според податоците на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) излезеноста на избирачките места на првиот круг од претседателските избори до 13 часот е 25,28 отсто или гласале263 121 гласачи.
Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 1 040 949 избирачи.
Висока излезноста до 13 часот има во скопските општини: Аеродром, Бутел, Илинден, Центар.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.