Mинистерството за внатрешни работи информира дека денеска во посета на Република Северна Македонија e делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.
– Поради тоа, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, се вели во соопштението од МВР.