АД ЕСМ вчера произведe 9.712 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.

Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални држави субјекти.

Како што информираат од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 7.320 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.392 мегават часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 мегават часови електрична енергија.