Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска беше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“, со кој официјално беше означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата
-Овој проект ќе овозможи модернизација на значаен дел од производните капацитети и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.
Особено значајно е што со оваа инвестиција се зајакнува хидропотенцијалот на државата и се создава посигурен и поквалитетен електроенергетски систем.
Со ваквите проекти чекор по чекор се приближуваме кон нашата цел поголема енергетска независност и производство што ќе ги задоволува домашните потреби.
Нека ни се множат ваквите проекти што носат долгорочна стабилност и развој, објави Николоски.
