Полициски службеници од СВР Скопје вчера го привеле Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување.

Тој, како што соопштија од МВР, пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка , но не успеале, при што, по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна, односно, нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери.

Против Џ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.