Генералниот директор на Министерството за здравство, Нехман Аш треба да ја одобри кампањата за вакцинација со четврта доза, а сега се проучуваат податоците од Велика Британија, кои навестуваат дека сојот омикрон предизвикува помалку сериозна болест за разлика од делта.
Изрелската Телевизија Канал 13 објави дека ако има повеќе такви информации, Аш можеби нема да ја поддржи препораката од 28 декември лицата постари од 60 години, здравствените работници и ризичните групу граѓани да примат четврта доза вакцина против Ковид-19.
Израел е на пат да стане прва земја во светот каде поединечни групи граѓани ќе бидат имунизирани со четврта доза.