Израел вчера постави нов дневен рекорд од 65.259 нови инфекции, а во исто време се води сериозна дискусија за укинување на потврдите за ковид.
Израелскиот министер за финансии Авигдор Либерман се изјасни против потврдите за ковид наречени зелени пропусници.
Либерман вчера и се обрати на јавноста со премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц.
„Нема медицинска или епидемиолошка логика за зелените пропусници, како што заклучуваат многу експерти. Она што постои е директна штета на економијата, секојдневното функционирање и, дополнително, значителен придонес за создавање паника во јавноста. Работам заедно со сите засегнати страни да се елиминира зелената пропусница и да се зачува нормалната рутина за сите нас“, смета министерот.
Според режимот на зелениот премин кој моментално е на сила во Израел, само луѓето кои биле вакцинирани, болни или тестирани претходниот ден , односно во последните 72 часа во исклучителни случаи, имаат пристап до некои активности и капацитети, а во некои случаи и на работното место.