Во Унгарија денеска е потврден рекорден број новозаразени со корона вирус – 14.890, а починале 85 пациенти.

Бројот на активни заразени е зголемен на 147.573, а на болничко лекување се 2.645 пациенти, од кои 208 се на респиратор.

Владата соопшти дека коронарната варијанта на вирусот омикрон „силно се шири“, но дека може да се избегнат сериозни симптоми доколку граѓаните примат засилена доза од вакцината, пренесува Ројтерс.