Таканаречениот „зелен пасош“ може да им се даде на лица кои биле вакцинирани или оздравеле од Ковид-19. Наставниците без „зелен пасош“ или без негативен тест, исто така, нема да можат да одржуваат онлајн настава и нема да примаат плата, потврди денеска портпаролката на Министерството за образование.
Според медиумските извештаи, од 3 октомври, потврдите за имунизација ќе важат само шест месеци по примањето втора доза вакцина. Потоа, неопходно е да примат трета доза вакцина.
Министерството за здравство денеска потврди за 5.921 нови случаи на инфекција. Досега, 60 проценти од 9,4 милиони луѓе во Израел се вакцинирани со две дози, а нешто помалку од 34 проценти ја примиле третата доза. Експертите тврдат дека здравствениот систем е преоптоварен со невакцинирани пациенти.