Во воздушниот напад во близина на Дамаск во петокот била уништена производствена локација за беспилотни летала што ги користи Иран, како и складиште за оружје, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Се верува дека нападот го извршил Израел и успешно ја таргетирал опремата што се користи за склопување ирански беспилотни летала на воениот аеродром Димас во близина на либанската граница. Наводно, оштетени се и радарот и пистата.
Силите поддржани од Иран и Хезболах го користеле воениот аеродром Димас како база за операции за поголемиот дел од сириската граѓанска војна, а извори на Опсерваторијата уште во јануари објавија дека Иран и Хезболах ја прошируваат локацијата и ископуваат подземни складишта.
Единицата 4400 на Хезболах, одговорна за пренос на воена опрема на Хезболах во соработка со Иранската револуционерна гарда, управувала со објектите кои што биле погодени, пишува саудискиот весник Ал Арабија.