Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напади врз повеќе од 300 цели во Појасот Газа во текот на изминатиот ден, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Повеќе од десет оперативци на Хамас се убиени, а инфраструктурата на терористичката група била цел на нападот“, се наведува во соопштението на ИДФ.

Во јужниот дел на Газа, членовите на 55-та бригада извршија рација на локациите на Хамас во Кан Јунис, каде беше пронајдено големо складиште со оружје.

ИДФ денеска изврши воздушни напади и врз голем број локации на Хезболах во јужен Либан.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, мета биле воени локации каде делуваат членовите на Хезболах, како и друга инфраструктура.