Висок командант на Иранската револуционерна гарда (IRGS), задолжен за трговијата со нафта, беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран во петокот, објави денес израелската армија (ИДФ).

ИДФ наведува дека нафтениот центар на IRGC „со заобиколување на санкциите, овозможува континуирана активност и воено зајакнување на IRGC преку профит од продажба на нафта“, објавува „Тајмс оф Израел“.

 

Во соопштението на израелската војска се вели дека соборениот командант во нафтениот центар на IRGC надгледувал комерцијални активности вредни повеќе милијарди долари и го промовирал развојот на воените капацитети на IRGC и нејзините подружници низ Блискиот Исток, вклучувајќи ги јеменските Хути, либанскиот Хезболах и палестинскиот Хамас.