Иранскиот новинар Бабак Тагве објави на својот профил на Твитер, повикувајќи се на сигурни извори, дека израелски трговски брод бил нападнат од Револуционерната гарда додека пловел од Џеда во Саудиска Арабија кон Обединетите Арапски Емирати.

Либанската телевизија Мајадин објави дека избувнал пожар на пловниот објект, и дека бил погоден од „непознато оружје“. За разлика од Тагве, тие наведуваат дека напаѓачот сè уште не е познат.

Потсетуваме, минатиот месец, израелската флота на сличен начин нападна ирански брод.