Израелските војници денеска ја срушија куќата на функционерот на Хамас, Салех ал-Арури во населбата Арура кај Рамалах на окупираниот Западен Брег.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како е предизвикана контролирана експлозија. Наредбата за уривање е донесена пред неколку дена.

Ал-Арури живее во Либан и се смета де факто за лидер на Хамас на Западниот Брег и е одговорен за некои активности на исламската екстремистичка организација на таа територија, јавуваат израелските медиуми.