Во болница во јапонскиот град Тода се случила престрелка во која се ранети две лица.

Двајцата ранети се доктор на 40-годишна возраст и пациент на возраст од 60-ти години, јавува Би-Би-Си.

Осомничениот побегнал во соседниот град Вараби со мотор и наводно зел заложник, соопшти градот на својата официјална веб-страница. Очевидците велат дека осомничениот бил со просечна висина и е во 40-ти или 50-ти години.

Во близина на болницата се затворени сите објекти.