Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија при што санкционира 172 возачи за брзо возење. Од казнетите, седум се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Вкупно 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апекира МВР.