Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашните засилени акциски контроли, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на територијата на Република  Македонија, изрече 215 казни за возачи кои управувувале возила под дејство на алкохол.

Од нив, како што информираат од МВР, 65 се на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, апелира МВР.