Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, вчера во 02:15 часот, го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Јоаким Крчоски“ во Скопје, при што одзел повеќе предмети.

Како што информираат од МВР, со него бил извршен службен разговор во полициска станица и тој го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.