При засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, спроведна вчера од Министерството за внатрешни работи, се санкционирани се 256 возачи.

– Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место, соопштија од МВР.

Засилените акциски контроли како што најавуваат од МВР продолжуваат и во наредните денови. Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.