Вкупно 407 санкции изрече полицијата вчера за возење над дозволената брзина. Од казнетите возачи, 86 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час од дозволеното, а 26 со дури над 70 километри на час.
Притоа, како што соопшти МВР, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 288 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.