Во текот на вчерашната вечер во периодот од 22:00 до 03:00 часот при спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, санкционирани се 89 возачи.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени санкции, 20 се на територија на СВР Скопје, 15 на територија на СВР Струмица, 12 на територија на СВР Тетово…
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.