На територија на град Скопје полицијата вчера изрекла вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 39 санкции и 23 санкции за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се, како што информираат од МВР, и три мерки за минување на црвено светло, две мерки за некористење сигурносен појас, две мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, две мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.