На 16-ти овој месец во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека е пронајдено човечко тело во водите на река Вардар, под мостот кој води од Градско кон с.Уланци.

Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.