Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима.
Како што информира МВР, на местото на настанот веднаш излегле полициски службеници од граничниот премин Стење и го пронашле возилото.
Возачот и сопатниците биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.