Вредноста на увeзената стока, во посочениот период, изнесува 9.302.587.000 долари, што е за 34,4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври годинава изнесува 2.486.164.000 долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, делови за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.
Во увозот, пак, најмногу се застапени „други метали од платинската група и нивни легури“, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите десет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.