Бансел во понеделник за CNBC рече дека развојот и испораката на специфична вакцина за омикрон може да потрае со месеци.
-Поголема доза може да се направи веднаш, но ќе поминат месеци пред да биде готова вакцината против сојот омикрон, рече Бансел за CNBC.
Бансел рече дека Moderna верува дека варијантата омикрон е многу заразни, но ќе им требаат две недели да се утврди колку мутациите влијаат на ефикасноста на вакцините на пазарот.
Moderna во петок објави дека работи на прилагодување на вакцината на новата варијанта и дека тестира бустер доза за заштита од повеќе варијанти.
BioNTech исто така објави дека работи на вакцина за омикрон заедно со Pfizer.