Извршните директори на Pfizer, BioNTech и Moderna споделија повеќе од 100 милијарди долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании.
Алберт Бурла од Pfizer, Угур Шахин од BioNTech и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните две години благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите поттикнати од ентузијастичките инвестиции во фармацевтските компании, кои работеа на развој на лекови и вакцини против вирусот Ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс.
Цените на акциите на Pfizer се зголемија за 60 отсто во последните две години. Вредноста на BioNTech е зголемена три пати, а Moderna пет пати.
Извршните директори Бенсел и Шахин на хартија станаа милијардери благодарение на акциите што ги поседуваат во компаниите Moderna и BioNTech. Бенсел има 7,8 отсто од акциите во Модерна. Шахин поседува 17,1 отсто од BioNTech, во вредност од 7,8 милијарди долари.
Вакцините развиени од BioNTech и Pfizer им донесоа на компаниите приход од 37,5 милијарди долари минатата година, додека Moderna оствари приход од околу 17 милијарди долари, според компанијата за обработка на податоци Airfinity.
Анализата на бонусите за производителите на вакцини mRNA во 2020 и 2021 година покажува дека извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, имал најголема добивка за време на пандемијата. Тој во овој период заработил 45,3 милиони долари бонуси, што е значително зголемување во однос на 27,7 што ги добил во периодот 2018-2019 година, кога дошол на позицијата извршен директор.
Шахин заработи бонус од 30,8 милиони долари во двете години од пандемијата, додека во 2018-2019 година неговата заработка била 8,5 милиони долари. Бонусот на Бензел падна од 67,5 милиони долари на 31,1 милиони во 2020-2021 година, пред се поради котација на компанијата Модерна на берзата, која на овој извршен директор му донесе приход од акции од 58,6 милиони долари.
Вкупниот износ на бонуси за сите три компании во периодот 2020-2021 година достигна 107,2 милиони долари, од 103,7 милиони долари две години порано.