На 16.07.2022 околу 01.00 часот на Граничен премин Блаце од полициски службеници бил лишен од слобода Ф.К.(24) од с.Долна Лешница-тетовско кој претходно бил пријавен дека физички ја нападнал неговата малолетна сестра и уште еден негов роднина, а потоа со патничко возило со странски регистарски ознаки се обидел да ја напушти земјата, информираа од МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.