Полицијата приведе 42-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата 36-годишна поранешна сопруга во Струмица.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен откако околу 11:00 часот во четвртокот, на плоштадот во Струмица, мажот физички ја нападнал жената.

Полициски службеници од СВР Струмица околу 15:45 часот го лишиле од слобода 42-годишникот во струмичко село.

Со случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.