Осумгодишно девојче од Гостивар се здобило со тешки телесни повреди откако синоќа било удрено од автомобил „јагуар“ на улицата „Марко Симоновски“, соопшти полицијата. Возилото било со гостиварски регистарски ознаки, а го управувал 31-годишниот А.О. од Гостивар.

„На 7.8.2026 година во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата Марко Симоновски во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во 8-годишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти полицијата.

Истиот ден тешко бил повреден и 71-годишен пешак во центарот на Тетово. На улицата „Маршал Тито“ во него удрило „ауди“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д.И. од Косово.

„На 7.8.2026 година во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Маршал Тито во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од Д.И. (26) од Косово, удрило во пешакот Д.М.(71) од село Раотинце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово“, соопшти полицијата.