Катната гаража во Карпош 2 која ќе има капацитет од 230 паркинг места, како и трите катни гаражи во Карпош 1 ќе бидат ставени на располагање на станарите кои бесплатно ќе можат да ги паркираат своите возила.
– Овде во Карпош 2 ќе се гради катна гаража на 1.200 метри квадратни во која ќе бидат сместени 230 возила и ќе се стави на располагање на граѓаните од овој дел на Карпош 2, а тоа значи дека ниту едно возило нема да биде надвор од катната гаража. Секој граѓанин кој живее тука ќе има картица со која ќе може слободно да влегува во оваа катна гаража. Покрај тоа ќе бидат направени три катни гаражи во делот на Карпош 1 и со ова сметам дека овие населби нема да ги имаат проблемите кои што денеска ги имаат, најави Јакимовски.
Јакимовски најави четири катни гаражи во Карпош 1 и 2
Ј
Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски најави изградба на четири катни гаражи во населбите Карпош 1 и Карпош 2 со кои што треба да се реши проблемот со паркирање на жителите од овие населени места.