– При контрола на улиците констатирав дека сè уште има места со смет кои со месеци не се расчистени како она спроти „Сити мол“, каде што доаѓаат граѓани од цела Македонија, Јужна Србија, Косово…. За да се стави општината во ред, потребна е поголема дисциплина и организација во работењето – констатираше Јакимовски.
Се закани дека оние кои нема да го издржат тоа темпо на чистење, општината ќе им се заблагодари на соработката.
Градоначалникот очекува за околу десетина дена хигиената во Карпош да биде на високо ниво.