Јакимовски додаде дека според неговото политичко искуство за Заев и неговата партија би било подобро што побргу да одат на избори и да го пресечат овој бран. Бидејќи подоцна бранот би бил уште поголем за Заев и неговата партија.

„Снежната топка кон Заев и СДСМ е тргната, а ако не ја запрат на стартот, потоа ќе добие преголема сила и мислам дека дури нема да биде добро за идната опозиција да има толкав слаб резултат на наредните парламентарни избори. И затоа е подобро и за нив и за општеството е подобро да се оди што побрзо на избори. Јас од мои сознанија како што ги имам мислам дека они тактизираат веројатно да довршат некои работи и дека до крајот на годината дека тој ќе поднесе оставка“, појасни Јакимовски.

Јакимовски посочи дека нема веќе нормално функционирање на оваа Влада на Заев, оддалеку се гледа дека оваа Влада е веќе пред заминување.

„Ако си делегитимиран на локалните избори, и голема е разликата, ако веќе немаш мнозинство дури и пата пата да си, секој нормален премиер и нормално владино мнозинство или би дало оставка или би се формирало ново парламентарно мнозинство. Ако мислиме за интерес на граѓаните и на државата Заев до сега требаше да си даде оставка“, заклучи Јакимовски.

Јакимовски рече дека по ова што Заев сега го прави е голо одржување на власт, а тоа докажува дека тој воопшто не мисли за доброто на граѓаните и за државата.